Нова радост во Скопје ЗОО – семејството на ламите Фелиција и Кенди се зголеми за уште еден член.
Фелиција и Кенди повторно станаа родители, а малата лама Панчо доби сестричка.
Мајката и малото ламче во моментов се одвоени од останатите, за да можат во мир да ги поминат првите денови заедно. Во меѓувреме, за семејството будно се грижат и тато Кенди и малиот Панчо.
Од Скопје ЗОО споделија дека новото ламиче носи уште една причина за радост во зоолошката градина.