Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

Во Зоолошката градина во Скопје денеска радост за малата Делфина – гибончето кое пред четири години беше спасено по драматичен пад во езеро, доби нова играчка орангутан како подарок од редовна посетителка.

— реклама —

Делфина тогаш беше отфрлена од својата мајка и остана сама, но по спасувањето нејзиниот живот го презеде зоонегувателката Зера, која, како што информираат од ЗОО-Скопје, 24 часа дневно ѝ се посветила на грижата и одгледувањето. Благодарение на таа посветеност и тимската работа на вработените, Делфина денес е здрава и адаптирана.

media-librarypfgdegkcevqh21DnvT9

Во меѓувреме, таа и нејзиното помало братче Мики заедно учат да живеат самостојно. Од ЗОО-Скопје нагласуваат дека се една од ретките институции во светот што успеале да спојат и успешно да адаптираат две гибончиња во вакви околности.

— реклама —

Приказната за Делфина и Мики со години ги трогнува посетителите, кои се восхитуваат на пожртвуваноста на негувателката Зера и на тимот што стои зад нивниот напредок. Подарокот – играчката орангутан – е уште еден симбол на таа поврзаност меѓу животните и луѓето кои се грижат за нив.

Од Зоолошката градина додаваат дека во изминатиот период Делфина и Мики редовно добивале подароци и играчки и од тимот, со цел да се поттикне нивната социјализација и природно однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydettuoook9do03T9fRf

Најмалите мајмунчиња на светот со ново потомство во ЗОО Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-library479p3iai9ige7KdZAtU

Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryee0jmccsqgqg7eOXVTq

Контроверзии околу новиот менаџер на Зоолошка: Бил осуден за измама со животни, казната избриша,а тој вели дека не е осудуван

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryuaro3bt3pc6nf0WY4xQ

Продолжи судењето за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина – сведочеа директорот Попов и ветеринар од АХВ

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања