Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Се полнат болничките капацитети, во 24 часа примени 103 нови пациенти поради компликации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 103 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 41 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 86 оздравени пациенти, информира Министерство за здравство.

— реклама —

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 26 болни.

— реклама —

Вкупно 685 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

— реклама —

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања