Промени тема
Контакт

Се повеќе казнети возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-4

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 29 санкции за возење без возачка дозвола, 14 за возење под дејство на алкохол, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

— реклама —
— реклама —

„Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум за возач почетник, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 мерки за непрописно паркирање.

— реклама —

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираа од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања