„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сè повеќе профили на апликациите за запознавање се целосно лажни - луѓето користат ВИ за сè!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Магазин
media-librarykshjm0iafapj38TBq0n
Unsplash

„Не беше тоа лош состанок, туку… да речеме, подпросечен. Тој беше уреден, учтив и не кажа ништо вознемирувачко, но вечерта беше целосно разочарување по една недела интензивно допишување на ‘Hinge’. Каде исчезна оној шармантен и духовит маж поради чии пораки постојано го проверував телефонот? По три чаши вино, едвај составуваше реченици и се мачеше да одговори на најосновните прашања. Се чувствував како да седам со целосен странец. Тогаш ми светна: многу е веројатно дека цело време флертував со ChatGPT.“

— реклама —

Ова е светот на „четфишингот“, најновиот тренд во онлајн-запознавањето, кој полека, но сигурно ги уништува и последните остатоци од довербата во апликациите. Не станува збор само за тоа дека мажите користат вештачка интелигенција за заведување, иако и тоа е доволно лошо. Тие ја користат за да создадат подобрени верзии од самите себе. Денес, на апликација за запознавање можете да налетате на маж кој е евтина копија на оној од фотографиите на профилот.

— реклама —

Кога фотографиите лажат

— реклама —

„Тоа е нешто што сè почесто го гледам. Да го земеме за пример Мич. Додека го разгледував неговиот профил на ‘Bumble’, нешто ми беше чудно. Беше згоден, со широки рамена, работеше во некоја корпорација и викендите ги минуваше на брод. Но, кога стигнав до неговата четврта фотографија, сè ми стана јасно“, вели новинарката Алис Фарер од News.com.au.

„Останатите слики имаа чуден, заматен сјај, но оваа беше остра и реална. Косата не му беше толку густа, очите му беа поднадуени, а брадата понеуредна. Не беше тоа лоша фотографија, но беше вистинска. Тоа беше вистинскиот Мич. Оној згоден тип на брод, во стил на Џејмс Бонд, онаа совршено исполирана деловна фотографија? Сето тоа го генерирала вештачка интелигенција“, објаснува таа.

На интернет постојат безброј апликации што ветуваат дека ќе го трансформираат вашиот профил со генерирање ултрареалистични фотографии. Една страница се фали дека нивните фотографии „значително ќе ги зголемат вашите шанси за повеќе состаноци“. Друга тврди дека нивните ВИ-слики „ќе го откријат вашето најдобро јас“ и „ќе го удвојат бројот на спојувања“.

И кога разговорот лаже…
И не, ова не е еволуција на Facetune – уште еден филтер. Ова не е благо измазнување на линијата на вилицата. Ова е создавање целосно друга личност со целосно измислен начин на живот. Тоа е вознемирувачи и загрижувачки, а станува сè понормално.

И не станува збор само за фотографиите. Некои одат чекор понатаму и целиот разговор му го препуштаат на ChatGPT. „Се чувствував како во кошмар, обидувајќи се да разговарам со вистинска личност, а всушност комуницирав со алгоритам чија единствена цел е да ми одговара токму онака како што мисли дека сакам да слушнам. Секој профил што ќе ми се допадне сега минува низ детална анализа, и знам дека не сум единствената што се чувствува исцрпено“, вели Алис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

edi-rama

Рама предлага „АИ министерство“ за бескомпромисна борба против корупцијата

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања