Се продава големо конфискувано земјиште на Мијалков во Морани, почетна сума 277.161 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryvdevgdqsk5m44GcRVra

Агенцијата за управување со одземен имот , објави оглас за продажба на конфискувано земјиште од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

— реклама —

Се рсботи за огромна парцела од 56.818 метри квадратни, а почетна сума за продавање е 277.161 евра, или по 5 евра од квадрат.

— реклама —

Овој имот беше одземен од Мијалков за случајот ,,Империја”. Предметот го застапуваше обвинителката Лиле Стефанова.

— реклама —

Земјиштето се наоѓа во Морани, Општина Студеничани, во местото викано Долно Поле.

Огласот трае 15 дена и ќе трае до 09 декември. Наддавањето е закажано за 12 декември.

„Продажбата на конфискуваниот имот од точка 1 од овој Заклучок, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Биро за процени бр. СВ V- 3/25-8 од 25.03.2025 година, во износ од 17.045.421,00 денари, стои во огласот на Агенцијата.

Истиот имот до сега неколку пати беше на продажба и во 2023 година, но немаше заинтересирани купувачи. Тогаш почетната цена беше намалена за една четвртина, но очигледно продажбата не била успешна.

„Продажбата на одземениот недвижен имот да се изврши со јавно наддавање по електронски пат со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда Бирото за судски вештачања бр. СВ /EL V 19/23-11 од 19.4.2023 година, намалена за една четвртина од проценетата вредност, во износ од 12.784.066,00 денари””, пишува во една од одлуките на Владата, од пред две години.

Ако се работи по закон, семејството Мијалкови нема право да си го поврати имотот, бидејќи за управување со одземен имот, на јавната аукција не можат да се пријават членови на неговото семејство.

Според најновите законски измени, како купувач или закупувачи не можат да се јават ниту брачниот или вонбрачниот другар, роднина во прва линија или до четврти степен во странична линија на осуденото лице.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library39dflsih7c5a5msiKCq

(Видео) ТикТок-рециклирање на стара снимка: колку чини стајлингот на Сашо Мијалков во Монако

Настани | пред 3 седмици

mijalkov-hotel-

Молк од институциите за хотелот на Мијалкови во Охрид – игнорирана претставка од 25 организации

Македонија | пред 7 месеци

mijalkov-hotel-

(Видео) Со кои пари Мијалкови го градат хотелот во Охрид и што ќе се прави со него

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

20 станови, четири апартмани, земјиште - имотот на Мијлаков ќе оди на лицитација, државата цели на наплата од 21 милион евра

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања