Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Секое слободно земјоделско земјиште ќе биде ставено во функција на домашното производство, вели Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
nikolovski

Во вакви времиња на светска криза ја гледаме важноста на земјоделското производство и субвенциите што ги овозможува државатa, секое слободно земјоделско земјиште ќе биде ставено во функција на домашното производство, околу 12.000 хектари ќе бидат на располагање и објавени преку јавни повици, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во денешното интервју на „Утрински брифинг.

— реклама —

„Министерството подготвува детална програма и преглед на секое слободно земјоделско земјиште коешто ќе биде ставено во функција. Околу 12.000 хектари ќе бидат на располагање и објавени преку јавни повици. За таа цел, се подготвува план како и во кој региони, кои култури ќе добиат предност и фокус. Ги повикувам граѓаните и младите да се ангажираат и да влезат во земјодеслкиот сектор, заради тоа што има серија на мерки преку коишто државата дава поддршка.За секоја рурална жена со новата Програма за рурален развој, државата дава грант од 6.000 евра,за секој млад земјоделец со новите законски измени има 40% авансна исплата со самото склучување на договорите.Оваа земја има природни ресурси коишто треба да ги ставиме на располагање, има пасишта, има земјоделско земјиште, имаме вода, затоа градиме системи за наводнување низ сите региони, нешто што било запоставено во претходните три децении“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски посочи дека развојот на земјоделството бара вклученост од сите чинители.

— реклама —

„Земјоделството е комплексен сектор, сите треба да се вклучиме, потребно е информирање, едукација, фондови, навремени мерки, квалитетно семе, системи за наводнување – тоа она на што ставаме фокус за да имаме зголемено домашно производство. Затоа сме фокусирани на секое едно поле. Затоа збориме за обезбедени системи за наводнување, обезбеден ИПАРД 3 којшто ќе внесе 250 милиони евра во земјоделството, но и за интервентни мерки и политики коишто се неопходни во овој момент да го поддржиме домашното производство. Моделот на субвенционирање којшто од оваа година започнуваме да го менуваме, се однесува на воведување на авансна исплата, 30% исплата пред почеток на сезоната. Ние за прв пат после 30 години имаме консолидација на земјоделско земјиште, имаме европски пример на консолидација во битолско Егри и во 14 други подрачја и секако дека овие активности ќе ги намалат производствените трошоци на земјоделците, ќе овозможат полесно да се обработува земјата, да се зголемат приносите и зголемена добивка“, рече министерот Николовски.

Во однос на новата ИПАРД 3 програма, министерот Николовски посочи дека овозможува нови мерки за модернизација на земјоделското производството но и олеснети услови кои ќе придонесат за уште поголема искористеност на ИПАРД мерките. Горди сме што со новата ИПАРД 3 пограма очекуваме да имаме за 62% поголем буџет и што ќе ја продолжиме успешната ИПАРД приказна, рече министерот Николовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvdevgdqsk5m44GcRVra

Се продава големо конфискувано земјиште на Мијалков во Морани, почетна сума 277.161 евра

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања