Промени тема
Контакт

Се расфрла сол и се чисти снегот во Ѓорче Петров, Стојкоски со апел до жителите за да се зголеми безбедноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
0-02-0a-c700e1f1732b68284ee51184cae83e1f4e17bc3e32587438163a592789288b8e_269fccb3ac7

Поради очекување на ниски температури, а по снежните наноси, екипите на Општина Ѓорче Петров од попладнево се на терен и расфрлаат сол по улиците со цел да не дојде до голомразица и лизгави коловози. Во координација со Град Скопје, направен е план според кој, тие ќе водат грижа за улиците под нивна надлежност, а Ѓорче Петров ќе патролира на критичните точки каде имало проблеми и во минатите години. На терен е договорено да излезе и фирмата „Анизор“, задолжена за зимско одржување на улиците.

— реклама —

„Повеќе екипи ќе патролираат и во текот на ноќта, а со оглед на фактот дека се очекува снежните наноси да продолжат и температурите да бидат под нулата. Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите граѓани. Апелирам и до возачите, да внимаваат и да ја прилагодат брзина согласно условите на патот“, посочи Александар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.

— реклама —

Тој упати и апел со жителите на Ѓорче Петров, да го чистат снегот пред влезовите на своите домови, деловни објекти, влезови на згради.

— реклама —

„Покрај нашите активности, а за дополнителна безбедност на сите нас, апелирам граѓаните да ја почитуваат законската обврска за чистење на снегот пред домовите. Тоа е со цел да се превенираат можни несреќи“, додаде Стојкоски.

Градоначалникот ќе биде во постојана координација со дежурните екипи и граѓаните, со цел сообраќајниците во Ѓорче Петров да бидат исчистени од снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања