Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Се спука Филипче со Пендаровски: Изостана поддршката од вас, требаше да играте значајна улога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Реакцијата на Филипче доаѓа откако претседателот Стево Пендаровски по советот за безбадност денеска искажа благодарност до соседна Србија, затоа што таму се вакцинираа многу наши граѓани, но додаде дека ова не смее да се повтори.

„Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна Србија да се вакцинираат едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија се разбира, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно, државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, истакна меѓу другото Пендаровски.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања