„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Се трча „Скопскиот маратон“ по 15-ти пат, годинава рекордни 12.500 учесници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
maraton-skopje-2

Рекордна бројка од над 12.500 учесници од 58 земји ќе настапи на денешниот 15-ти „Скопски маратон“ во неколку категории: маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон (мажи и жени) и на ревијалната трка на пет километри. Наградниот фонд ќе изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.

— реклама —

За разлика од минатите години, наместо од плоштадот и во правец кон Камени мост, стартот и целта на трката ќе бидат пред Собранието на Македонија. Потоа се трча кон Владата, лево по булеварот Илинден кон Ѓорче Петров, оттаму по булеварот Теодисиј Гологанов, кон Центар, населбата Јане Сандански и назад до Собранието.

— реклама —

Елитни натпреварувачи од Етиопија и Кенија и денес ќе трчаат, а се очекуваат и нови рекорди .Рекордерите се од Кенија, кај мажите Кируи Кипротич (2:12,36 часа) од 2016-та, а кај жените Стела Барсосио (2:33,42) од 2017 година.

Маратонската трка ќе се смета и како државен шампионат на Македонија и на неа ќе настапат најдобрите во моментов. Кај жените фаворитка е актуелната рекордерка Адријана Поп Арсова (2:59,46 часа), која лани беше трета.

Кај мажите, титулата првак на Македонија од лани ќе ја брани Александар Кираџиев (време од 2:42,48 часа), а конкуренти ќе му бидат Кокан Ајановски, Марјан Бонев, Игор Јакимовски… Рекордот уште го држи Трпе Мартиноски (54) од 2000 година во Нови Сад (2:25,06), кој во повеќегодишната кариера има истрчано над 100 маратони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања