Промени тема
Контакт

Се уредува „Св. Спас“ над Маловишта: Вработените на НП „Пелистер“ и локалното население со заедничка акција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library8hjv8sqrb0r8dTCiPKe

Уредувањето на локалитетот „Св. Спас“, на 1.920 метри надморска височина над Маловишта, продолжува со заеднички ангажман на вработените во НП „Пелистер“ и локалното население.

— реклама —

Работниот ден во неделата започнал уште во 5 часот наутро. До планинскиот локалитет бил транспортиран градежен материјал со коњи, додека вработените и локалното население се движеле по стрмен планински терен со потребниот алат за реализација на предвидените активности.

Со завршувањето на работите е реализирана втората фаза од уредувањето. Предвидено е да следи и третата фаза, по што монтажниот објект треба да биде ставен во целосна функција.

— реклама —

Од НП „Пелистер“ посочуваат дека соработката со локалното население овозможува реализација на повеќе активности насочени кон подобрување на инфраструктурата во рамките на паркот.

— реклама —

Оваа инфраструктура е значајна како за посетителите, така и за активностите поврзани со заштитата на природата и мониторингот на видовите, кои се дел од примарната дејност на НП „Пелистер“.

Работата на планина носи бројни предизвици, особено кога активностите се реализираат на стрмен и тешко пристапен терен. Сепак, од НП „Пелистер“ посочуваат дека љубовта кон Пелистер и Битола е силен мотив за надминување на предизвиците и успешно спроведување на планираните активности.

— реклама —

Зачувувањето на природните вредности на НП „Пелистер“, како што нагласуваат, е обврска на сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања