Промени тема
Контакт

Се урна воен авион во Унгарија, пилотот успеал да се катапултира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha
фото: unsplash

Во близина на Солнок, во централниот дел на Унгарија, се урнал воен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили. Пилотот навреме се катапултирал и, според првичните информации, нема повредени.

— реклама —

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека засега не се познати причините за падот на авионот. На местото на несреќата се упатил и министерот за одбрана Ромулуш Русин-Сенди, додека е започната истрага за околностите под кои дошло до инцидентот.

— реклама —

Министерот за одбрана изјавил дека пилотот не бил повреден при падот и дека направил сè што можел авионот да се урне на безбедна и ненаселена локација.

— реклама —

Унгарската Национална служба за итна медицинска помош соопштила дека состојбата на пилотот е стабилна. Тој со хеликоптер бил пренесен во болница на дополнително набљудување.

— реклама —

При падот на авионот, според досегашните информации, нема повредени лица, ниту е причинета штета на цивилната инфраструктура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52ppof764n1v3vs10JZ

Уапсени двајца поранешни министри од владата на Орбан поради сомнежи за корупција

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Свет | пред 5 дена

media-librarynac9qbgkhl825yThUH6

(Видео) Маж се обиде да го погоди Петер Маѓар со јајце, полицијата веднаш реагираше

Свет | пред 6 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

(Видео) Инцидент во Унгарија: Маж истури пијалак врз премиерот Петер Маѓар

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања