Ноќеска се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија во планинска област близу Порто. Се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале.
Португалската служба за итна помош објави дека операцијата за спасување е во тек, но дека хеликоптерот не е пронајден.
Државната телевизија и дел од весниците јавија дека во несреќата загинале двајца пилоти, медицинска сестра и лекар кои биле во леталото.
Хеликоптерот исчезнал откако претходно до болница пренесе во Порто 76-годишен пациент со срцеви проблеми. Хеликоптерот се враќал во база во Браганси кога се урнал поради лоши временски услови.