Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари, вели Димковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20032020_VRSM_Dimkovski_pres1

Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата предводена од СДСМ презема чекори за помош и поддршка на домашното земјоделско производство, вели Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ

„За таа цел, за прв пат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари.

— реклама —

Овие средства во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури.

120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.

Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто.

— реклама —

Но, она што е исто така важно е што овој Интервентен фонд се проширува со нови мерки за поддршка на земјоделците.

Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.

— реклама —

Дополнително, и за оваа година, субвенциите за сончогледот ги исплативме пред почетокот на новата сеидбена сезона за земјоделците да можат навреме да сеат и да имаат пари за производствените трошоци.

Минатата недела, Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.

Почитувани,

И во време на светска криза, Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделството и инвестира во руралниот развој.

Продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно, конкурентно домашно земјоделско производство“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 21 час

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања