Се враќаат Македонци од Украина, но останале триесетина набљудувачи кои не се знае дали ќе се повлечат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
avion-ukraina

Дванаесет луѓе се вратиле во Македонија и ја информирале Амбасадата на Македонија во Украина. Но таму има 30 наши сограѓани. За нивно повлекување, се уште се одлучува. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека денеска ќе се разговара со претставници на мониторинг мисијата, по што ќе се донесе одлука.

— реклама —

„Останува прашањето за 30 наши набљудувачи за мониторинг мисијата на ОБСЕ. Некои држави ги имаат повлечено, како САД, Велика Британија, Данска ги има дислоцирани. Нашата позиција е поспецифична бидејќи ние сме дел од тројката, дел од претседавањето во ОБСЕ и внимаваме какви пораки ќе дадеме во мониторинг мисијата на ОБСЕ. Во контакт сме со набљудувачката мисија“, кажа Османи.

— реклама —

По евакуацијата и мобилизацијата викендов на источната граница на Украина продолжија и вооружените престрелки. Морничави слики од блиски борби во Доњецк денеска го обиколија светот. Руските сепаратисти и украинските специјалци се на работ на војна. И двете страни вооружуваат и обучуваат цивилно население. Украинска паравоена група понуди обука на цивилни доброволци во главниот град Киев бидејќи стравувањата од понатамошна ескалација се зголемуваат по порастот на насилството на истокот на земјата.

— реклама —

За време на собирот жените беа обучени како најдобро да се заштитат во случај на голема ескалација.

Најголемиот притисок и вознемиреност го чувствуваат украинските војници во Донбанскиот регион на самата граница. Вкопани во рововите, ги слушаат повремените експлозии од проектилите испалени од руска страна. Но, имаат наредба да не одговараат на провокациите.

Свештениците на Православната црква на Украина низ целата земја одржуваат специјална молитвена служба. Жителите на Киев се собраа во манастирот Свети Михаил за да се молат за мир додека расте стравот од руска инвазија.

Бунтовничките групи во источна Украина продолжија со евакуација на населението. Повеќе од 6.600 луѓе се евакуирани од Доњецк, а околу 25.000 луѓе го напуштиле Луганск, додека пак 10.000 се подготвуваат да го напуштат.

Сепаратистите и украинските сили се борат речиси осум години. Но, насилството долж линијата што ги дели двете страни, се зголеми во последните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања