Промени тема
Контакт

Се зајакна ли стандардот на граѓаните со минималец од 18 илјади денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
krediti-za-skoluvanje-denari-1

„Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари го зајакнува животниот стандард на 80.000 граѓани Исполнуваме уште едно ветување дадено пред граѓаните, повторно ја зголемуваме минималната плата“, вели СДСМ.

Оттаму додаваат:

„Од први април 80.000 работници ќе добиваат минималната плата од најмалку 18.000 денари, односно зголемена за 45 евра.

За само четири и пол години минималната плата ја зголемуваме за 100 отсто.

— реклама —

Со новото зголемување на минималната плата го вреднуваме трудот на работниците и го унапредуваме нивниот животен стандард.

— реклама —

Тоа е потврдено и со официјални податоци. Ако пред седум години беа потребни четири минимални плати за полнење на синдикалната кошница, сега, со ново зголемување синдикалната кошничка се полни со две минимални плати.

За седум години синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто.

— реклама —

Ова е потврда дека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи сериозно го зајакна животниот стандард на сите граѓани.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и за економијата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања