„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Се затвораат неколку улици низ Скопје, се очекуваат гужви низ центарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
soobrakjaen-rezim_

Со почеток од 11:00 часот, во организација на Град Скопје – Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.

Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко- ул. Филип Втори Македонски, лево по бул. Гоце Делчев, лево по бул. ВМРО, десно по бул. Партизански одреди, десно по бул. 8 Септември и десно по бул. Илинден до Градски парк (школка).

— реклама —

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11:00 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

— реклама —

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања