Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Денеска (01.04.2021) се одржа седница на Главен штаб за управување со кризи (при ЦУК) во просториите на Владата на Република Северна Македонија што ја организираше ЦУК и ја раководеше, Раководителот на Штабот, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.

— реклама —

Прво беше реализирано сестрано реферирање за преземените мерки и активности на институциите од СУК за справување со кризната состојба од заразната болест „COVID-19“, како и информации и согледувања за моментната состојба во земјата во поглед на пандемијата. Следуваше информирање по заклучоците од претходната седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК, а на крај се донесоа заклучоци за идни активности. Заклучоците беа во релација за прифаќања на информациите, препораките за потребни активности на субјектите на Системот за управување со кризи и за преземените мерки и активности за справување со кризната состојба од заразната болест „КОВИД-19“, на целата државна територија. Потоа беа донесени заклучоци во насока за преземање на веднаш потребните чекори за организирање обезбедување на пунктовите за вакцинација од страната на МВР и Армијата во координација на ти активности со Министерството за здравство.

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ја нагласи солидната и добра меѓусебна соработка на МВР и Армијата на терен, а и нивна координација со Министерството за здравство, што продолжува во планираните и непосредни и идни активности, секако и во корелација и со другите субјекти во Системот за управување со кризи. Истовремено, ја нагласи и важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, како и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот, со цел заштита на здравјето населението. Тоа и директно придонесува за амортизирање, во рамките на можностите при „брановите“ на пандемијата, на притисокот што на свои плеќи го носат здравствените работници, коишто се ангажирани за лекување на заболените, како во болниците, така и за тие кои се лекуваат во домашни услови, со непосредна помош на своите семејства и блиски.

— реклама —

За квалитетот на дискусиите и заедничките согледувања, а потоа и за насоки за активности, допринесоа и претставници на невладиниот сектор (НВО „Млади Правници“), како и претставници на научната мисла на поканети професори од областа на за одбрана, безбедност и кризнен менаџмент. Со тоа се остварува сестрано заедничко согледување, координирање,  дејствување, а и надоградување во одредени сегменти во заедничката борба во нашата држава и Регион, против светската пандемија.          Инаку, да потсетиме,, Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тоа е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации. Тие, невладините организации, како што нагласи раководителот на Штабот, Ангелов, се и значаен ресурс на општеството, што согласно можностите се имплементира и во Системот за управување со кризи, а што по сопствена независна активност и работа воспоставува дополнителни интеракциски врски и непосредна комуникација со грѓаните. Притоа, споделените граѓански индивидуални искуства и идеи, пренесени преку претставници на невладините организации коишто учествуваат во работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, дава можност таквите продуктивни искуства, согледувасња и идеи да се имплементираат како сестрано согледување за поефикасно заедничко дејствување на граѓаните со владините и други државни субјекти на СУК во правец за поголема успешност и координација преку Центарот за управување со кризи во одредени сегменти на управувањето со кризи – во заедничката борба против светската пандемија во нашата држава и Регион што и се остварува преку Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

Фото: ЦУК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања