СВР Куманово и СВР Тетово поднесоа кривични пријави против Н.А.(27) од Липково, А.А.(19), М.А.(21), Д.Ј.(39), М.С.(34) и З.Д.(33), сите од Куманово и Е.Ф.(20) од с.Сенокос, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во периодот од 29.04.2021 до 06.05.2021, полициски службеници ги затекнале пријавените како се движат без дозвола за движење за време на забрана за движење на населението на територијата на целата држава.
Седум лица добија кривични оти се шетале за време на карантин
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија