„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Седум месеци непрекината поддршка за ранливите категории

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
MOBILNI_TIMOVI_16.10-2

Mобилните тимови на Црвен крст Охрид и на Општина Охрид непрекинато седум месеци се вклучени во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19. Овие тимови им укажуваат поддршка на ранливите групи граѓани од градот и од неговата околина, а во првите месеци од кризата им пружија поддршка и налицата кои беа сместени во државните карантини во Охрид.

— реклама —

Започнувајќи од 16.03.2020 година, заклучно со вчерашниот ден 15.10.2020, овие тимови одговориле на 670 барања за набавка и достава на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови, како и за други видови асистенција на постари и изнемоштени лица, лица со хронични заболувања, самохрани родители, лица со попреченост и други граѓани на кои им била неопходна поддршка. Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за онкологија и Црвен крст на Град Скопје, мобилните тимови доставиле хронична и онколошка терапија во 127 наврати.

— реклама —

Исто така, мобилните тимови беа ангажирани и за дистрибуција на хуманитарна помош до социјално загрозени граѓани. Во изминативе кризни месеци, овие тимови доставиле 955 пакети со прехранбени продукти и 882 пакети со хигиенски средства, обезбедени од Црвен крст Охрид, Општина Охрид, општествено одговорни компании и организации и хумани граѓани.

Покрај тоа, во текот на хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“, која се реализираше од средината на април до средината на јуни, мобилните тимови дистрибуирале 881 мал пакет со леб и печива до домаќинства на лица во социјален ризик.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања