Промени тема
Контакт

Седум нови случаи на вирусот Западен Нил во Македонија, тројца пациенти се во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
komarec

Министерството за здравство информира дека во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаболени се од Скопје – по двајца од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.

Станува збор за лица на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

— реклама —

Во моментов на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се чекаат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани.

Од Министерството посочуваат дека досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, а првиот случај бил пријавен на 15 мај годинава во Велес.

— реклама —

Здравствените власти апелираат граѓаните да се заштитуваат од убоди од комарци, да користат репеленти и заштитни мрежи, како и редовно да ги отстрануваат застоените води, кои претставуваат погодни места за размножување на комарците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

komarec

Вирусот Западен Нил е потврден и во Македонија: Како се пренесува и кои се симптомите?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања