Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Седум возачи приведени за 24 часа: Возеле пијани, без дозвола или со активна забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Македонија
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од приведените, тројца управувале моторно возило без положен возачки испит. Станува збор за Х.И. (39) од Велес, С.Ш. (36) од Куманово и А.Ш. (25) од селото Селце.

Двајца возачи биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол. Тоа се З.С. (43) од Куманово и З.З. (63) од Велес.

— реклама —

Дополнително, двајца возачи управувале моторно возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Станува збор за К.Е. (49) од селото Ѓурѓевиште, гостиварско, и Р.С. (47) од Кавадарци.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или додека имаат активна забрана за управување.

Од МВР предупредуваат дека непочитувањето на правилата ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и повикуваат на одговорно однесување за побезбедни патишта и заштита на човечките животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Македонија | пред 4 минути

— реклама —
izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 26 минути

pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 27 минути

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 28 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања