Македонија и Бугарија ќе прогласат денови на жалост. Седумте преживеани во автобуската трагедија во Бугарија, се во добра состојба. За ова информираше премиерот на Македонија, Зоран Заев.
„Сите седум лица се во добра состојба, надвор од животна опасност. Некои се со полесни, некои со потешки повреди. Тие кои наши сограѓани кои ќе бидат подготвени за дома, ќе бидат транспортирани. Не би коментирал за причините, експертите и професионалниците треба да ги кажат деталите. Се подготвува решение за прогласување на денови на жалост во Скопје. Ќе бидат прогласени“, рече Заев.
Тој рече дека оваа трагедија ќе има позитивно влијание врз односите на Македонија и Бугарија.
„Пораката е да си помогнеме кога е тешко“, додаде Заев.