„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шеесетгодишник осомничен за задоволување полови страсти пред деца​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

— реклама —

Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања