Сега може со воз да се патува од Португалија до Сингапур, а попат да се посетат Париз, Москва и Пекинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
1100x619_cmsv2_9fe82454-3361-5e85-8923-8464ca1bb73e-6304028

Од португалскиот град Лагуш до Сингапур сега може да се патува со воз, а попатно да се посетат неколку светски метрополи, меѓу кои Париз, Москва, Пекинг и Бангкок. Ова стана можно откако на 2 декември беше отворена нова секција од брзата пруга во Лаос, која ги поврзува главниот град Виентијан и кинескиот град Кунминг.

— реклама —

Оваа линија е долга 414 километри, а се градеше пет години и сега го овозможува најдолгото непрекинато патување со воз на светот.

— реклама —

/fgajgxgvuamhbad" rel="attachment wp-att-153606">

— реклама —

Според анализите и пресметките што ги направи британскиот блогер за железнички патувања, Марк Смит, и корисници на Редит, патувањето е долго 18.755 километри и може да се заврши за 21 ден. Се проценува дека патувањето Португалија-Сингапур би чинело околу 1.200 евра за билети.

За да се пропатува оваа маршрута, треба да се помине низ 13 држави, како Шпанија, Полска и Белорусија во Европа и Монголија, Тајланд и Малезија во Азија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања