„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шекеринска: Ако веднаш ги кажевме амандманите тешко ќе добиевме двотретинско мнозинство за Северна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
C8D466DE-25A8-4F0D-8CF6-4DAF079AD831

Се што сега би кажала за тоа што ќе содржат амандманите би било шпекулација заради тоа што се уште сме во процес на изработка на уставните амандмани. Затоа велам дека има различни размислувања, различни предлози, меѓутоа ако излезевме веднаш со предлог ќе беше многу тешко да се обезбеди двотретинско мнозинство.

— реклама —

Ова е одговорот на вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска на новинарско прашање за изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за вметнување на Рамковниот договор во преамбулата на Уставот.

– Амандманите ги работиме не само заедно со различните пратенички групи, туку и заедно со неколкумина експерти кои ја познаваат уставната материја. Се во меѓувреме ќе биде само шпекулација. Премиерот ги водеше овие разговори со пратеничките групи. Ние ќе имаме дебата внатре во Владата на РМ, нашиот фокус за уставните измени се однесува на прашањата што произлегуваат од Договорот во Преспа. Има дискусии кои се присутни овие денови, но што и да ви кажам денеска ќе биде шпекулација, изјави министерката Шеќеринска која денеска присуствуваше на промоцијата новите 125 професионални војници во АРМ во скопската касарна „Илинден“.

— реклама —

Потсети дека премиерот Зоран Заев вчера разговараше со новата пратеничка група, за, како што потенцира, да најдеме заеднички јазик што ќе овозможи и во второ и во трето гласање да се обезбеди двотретинско мнозинство.

– Очекуваме до крајот на неделата дебатата во Влада да заврши и до Собранието да ги испратиме предлозите за уставните измените, рече вицепремиерката и министер за одбрана Шеќеринска.

Таа се осврна и на тоа дека уште во текот на кампањата за референдумот, кога сите мислеа дека амнадманите се напишани, како што рече, се шпекулираше кој ги пишува и во чија фиока се скриени. Покажавме, истакна Шеќеринска, дека тоа биле една од многуте лаги.

На прашањето за тоа дека дека грчки медиуми веќе имаат објавено оти има неформален договор меѓу Скопје и Атина Договорот од Преспа да се ратификува во март, Шеќеринска информира дека морале да функционираат со различни календари.

– Една опција беше доколку беше успешно гласањето во Собранието на РМ и тогаш процесот во Македонија можеше да заврши побрзо. Но, моравме да имаме и план како тоа ќе се одрази на датумите доколку одиме прво на предвремени избори, па дури потоа влеземе во процедура на уставни промени. Во тој случај март ќе беше месецот кога ние ќе можевме да го исполниме нашиот дел од обврските. Меѓутоа, сега немаме дилеми дека овој процес може побрзо да се заврши и со тоа да дадеме шанса и од грчка страна процесот на двете ратификации на договорот, но и нашиот договор за членство во НАТО да бидат дури и порано од март. Но, се ќе зависи од тоа како тече процесот прво во Македонија, па дури потоа во Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања