„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шекеринска: Лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон шефовите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rada

Радмила Шекеринска, екс заменик претседател на СДСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ по завршениот Конгрес на владеjачката партија ги изнесе првите коментари во кои тврди дека не постои неединство на „Бихаќка“, туку разни идеи и концепти.

— реклама —

-Тим е луѓе кои ги имаат истите вредности, понекогаш со разни идеи, но лојалноста не се мери колку пати ќе кимнете со главата, туку колку пати ќе говорите. Лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон шефовите, рече Шекеринска.

Министерката за одбрана демантира дека има „скопско крило“ и „бранковисти“ кои внесуваат несогласување во СДСМ.

— реклама —

-Од 2013 се уморив на оваа тема, зарем во Скопје немаме разлики, јас повеќе со скопските колеги дискутирам и имам повеќе разлики со нив. Јас мислам дека тоа не е реално, и оваа тема 2013 и 2014 беше актуелна. Бев една од обвинетите дека сум против бојкотирањето на локалните избори. И тогаш ме повикаа да помагам на локалните избори на многу места, а потоа ми рекоа дека во ниту еден момент не сум ги оставила на цедило, беа дел од коментарите на Шекеринска.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања