Не сум од оние луѓе кои веруваат во вредности и припаѓаат на некоја партија само како фунционери, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе остане во СДСМ по најавата дека нема да биде дел од раководната структура на партијата.
„Верувам во работа и сработено, а не во функции. Не мислам дека треба да помогнеме на државата само ако носиме значка на функционер, партиски или државен“, рече Шекеринска.
На прашањето дали ќе прифати друга функција и дали ако не добие ќе остане тука или ќе замине во Вашингтон, Шекеринска одговори дека би било несериозно од едно место да се префрли на друго.
„Сето останато три години го слушам и никако да се случи. Би сакала малку повеќе да зборуваме за суштински, реални нешта, а помалку да губиме време на дезинформации и кујнски сплетки“, истакна Шекеринска.
фото: Архива