Шекеринска: Првиот совет кој го добив од делегација на НАТО, беше единствениот што не го почитував

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-17-at-10.38.09

Радмила Шекеринска напуштајќи ја министерската функција во Министерството за одбрана посочи дека за четири години успеала заедно со вработените да постигне многу за Армијата. Таа посочи дека има многу професионалци во министерството, а го вратиле и интегритетот.

— реклама —

„Денеска е ден со измешани чувства. Заедно учествуваме во нешто што е поголемо од нас самите, испишавме историја. Се сеќавам на една слична церемонија во 2017 година кога реков дека ќе го смениме статус квото во одбраната. Денес одбраната не препознава таков статус, немаме нерешлив проблем. Знаевме дека ништо не е лесно, но верувавме дека ништо не е недостижно. Ги преземавме обврските и ги решававме. Членка сме на НАТО, еднакви со останатите, интегрирани во рекордно време. Се обврзав на континуирано зголемување на буџетот, како и транспарентност пред јавноста. И едното и другото ги направивме. Денеска сето тоа што пред четири и пол години беше невозможно, стана реалност“, кажа Шекеринска.

— реклама —

Шекеринска вели дека била горда што е дел од историските успеси.

— реклама —

„Првиот совет кој го добив од делегација на НАТО, беше единствениот што не го почитував. Рекоа менаџирајте ги вашите и очекувањата и граѓаните. Сум верувала дека за да ја направиме нашата нација посилна, мора да се издигнеме над нашите очекувања. Убедена сум дека резултатите ќе продолжат да следат. Од секогаш знаев дека многу ни е важна слободата, дека се изборивме за неа. Она што го научив е дека слободата оди само во тандем“, додаде таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања