„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Шекеринска: Сериозни казни за организторите, инаку немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Shekerinska-

Вицепремиерот и министер за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска, вечерва во Отвореното Студио 1 даде објаснување за актуелниот закон за амнестија.

— реклама —

Според неа:

„Законот не влегува во намалување и зголемување на казните, туку ги дефинира кои се тие кривични дела за кои нема да важи законот за амнестија. Тоа значи дека обвинител и судија ќе ги осудува тие кои смета дека се организатори и починители на насилство врз основа на неколку дела. За нив има сериозни казни. Ако ја игравме така играта немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април. Кога дискутиравме во јули месец за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за генерална амнестија за предметите од СЈО, мојот став и тогаш и денес е ист дека за 27 април каде што бевме првите и главни жртви, јас се чувствувам дека имам кредибилитет да кажам како жртва подготвена сум да простам и поддржам таков закон. Мислам дека имаме право да одлучиме на таков начин, но кога ги анализирам предметите на СЈО и бомбите тие злоупотреби, тој криминал, насилие, не бевме ние жртви, сите бевме жртви, цела држава“, рече Шекеринска.

— реклама —

За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вели дека иако како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, како одговорни политичари, мора да и помогнат на Македонија да заздраве од траумата.

-Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите, рече Шекеринска.

Таа додава дека иако биле жртви, имале одговорност како луѓе во владата да ѝ помогнат на државата да продолжи напред кон целта, а тоа е државата да се одлепи од дното, да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ.

Шекеринска објасни дека Владата не е опција да прави пазар и да уценува судии и обвинители и затоа предлог-законот покажува дека политичарите треба да се занимаваат со својата, а судството со нивната работа.

- Целта на законот е таа одлука да ја остави во рацете на правосудството, додаде Шекеринска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања