ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Шекеринска, смета дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на Заев со лажните Столтенберг и Порошенко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sekerinska

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните Столтенберг и Порошенко. Таа вели дека државата мора да се навикне на тоа дека ќе биде цел на хибридни, кибер, но и друг тип закани. „Знаете кога службите би можеле да реагираат на такво нешто? Кога би го правеле тоа што го правеше Сашо Мијалков. Кога би ги прислушувале сите разговори на премиерот и да ги анализираат“, вели министерката Шекеринска.

— реклама —

На прашањето кој ќе преземе одговорнсот за разговорот на премиерот Заев со руските пранкери Вован и Лексус, Шекеринска рече „Знаете кој презема одговорност во НАТО за разговорот со генералниот секретар? Кој си замина од француската служба поради разговорот?“, додавајќи дека ваквиот тип закани ќе продожат.

„Целта е да го загрозат нашиот пат до членство во НАТО. Во такви ситуации нема да се бираат средства. Ова средство не е искористено само кај нас, туку и со генералниот секретар на НАТО, францускиот претседател, но и серија други луѓе во политиката. Чудно е прашањето како им успеало во Северна Македонија кога гледаме дека тоа им успеало со врвот на алијансата. Таков тип трикови и закани ќе продолжат, а втора работа, со овој напад не е пробиено ништо што е наша безбедносна содржина. Ние треба да си ја менуваме безбедносната култура и десет пати да провериме. Овие разговори покажаа дека премиерот во секој разговор, на секое ниво, со секој соговорник ги држи истите позиции. Овие закани не се ништо ново, но ние ќе треба да се прилагодуваме на нив“, додаде Шекеринска.

— реклама —

Според министерката, единствена одбрана од ваков тип напади е да се престане со користење телефони.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања