Промени тема
Контакт

Шеќеринска собираше отпад со кандидат за градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
243182964_4271237299655600_9128571510631669385_n

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска која нема висока функција во СДСМ, денеска собираше отпад во Општина Дебрца, на десетина километри од Охрид. На минатите парламентарни избори, Шеќеринска беше носителка на листа токму во изборна единица пет, која ја опфаќа и Дебрца. Дека денеска била вклучена во еколошка акција, објави и самата таа. А на терен била со кандидатот на СДСМ за Дебрца. Ова остава впечаток дека сепак, таа ќе биде вклучена во изборната кампања, иако не е потпретседател на СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Денеска-26 септември, се одбележува Светскиот ден на чисти шуми. По тој повод во организација на ОО СДСМ Дебрца, а со присуство на другарката Радмила Шеќеринска, како и кандидатот за Градоначалник- Игор Крцоски-Манце и кандидатите за советници се одржа еко акција за одбележување на овој ден во с. Велмеј. Шумите се природно богатство кое треба да го чуваме и заштитиме. Повикуваме на граѓанска свест, за чиста животна средина, чисти шуми во кои сите ние ќе можеме да уживаме и да ги користиме благодетите на природата кои Дебрца ги нуди во огромни количини“, напишаа од општинската организација на партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања