Секое првоодделенче што годинава ќе се запише во ООУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци ќе добие ваучер во вредност од 5.000 денари. Одлуката денес ја донесе Советот на Општина Зрновци, по предлог на градоначалникот Ванчо Митев.
Ваучерите се наменети за учениците што ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година, со цел да им се олесни на семејствата почетокот на новата училишна година.
„Со оваа иницијатива сакаме да им посакаме среќен и успешен почеток на најмладите ученици и да им дадеме поддршка на семејствата во нивниот прв училишен чекор“, порача градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев.