Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Секретарот на СДСМ го испрати Шема да провери што значи „шемо“ на италинански, па рече: Ако сфатил навреда, би се извинил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Македонија
media-library5eapedkqp84mfalLYOy

Организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски-Жаба, во „Претрес со Ландов“ му порача на сопартиецот Игор Ивановски-Шема да провери што значи зборот „шемо“ на италијански. Откако водителот ја отвори навредливата смисла на алузијата, Трифуновски тврдеше дека ја критикува изјавата, а не личноста на Ивановски.

Повод беше изјава на Ивановски што Кристијан Ландов ја пренесе во разговорот — дека СДСМ има жаба, а нема шлепер, како коментар на претходната реторика на Венко Филипче.

— реклама —

Трифуновски одговори дека Ивановски одамна не дошол во партијата и дека не знае што има СДСМ. Потоа зборуваше за Италијанците, нивниот прекар „жабари“ и за збор што го поврза со прекарот на својот сопартиец.

Му порача да отвори речник и да го провери значењето, но на директното прашање од Ландов што значи зборот не даде превод.

— реклама —

Подоцна водителот во емисијата го прочита значењето како „глупав“, „будала“ и „идиот“ и го праша гостинот дали со тоа го навредува Ивановски.

— реклама —

Трифуновски негираше дека сакал да навреди некого и повторуваше дека италијанскиот е интересен јазик. Потоа објаснуваше дека сакал да каже оти изјавата на Ивановски била глупава или несоодветна.

На повикот од Ландов да се извини, одговори дека би се извинил доколку тоа било сфатено како навреда. Стануваше збор за условно формулирано извинување, придружено со повторување дека неговата забелешка се однесувала на изјавата.

— реклама —

Трифуновски на крајот кажа дека Ивановски е угледен професор и дека не би навлегувал во таква квалификација за него. И при подоцнежното навраќање на темата остана на тврдењето дека ја оценувал изјавата, а не човекот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library991qte6r71k97TXebOc

(Видео) „Има ли пресуда?“ — „Има истрага“: Жестока расправа со секретарот на СДСМ за Алта банка

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryrhj6d9v1rc636fbX6Ei

(Видео) „Возевме такси, спиевме петмина во стан“: Секретарот на СДСМ за бегството во Шпанија

Македонија | пред 5 часа

media-library991qte6r71k97TXebOc

(Видео) Трифуновски: Алта банка е криминална, гувернерот мора да понесе одговорност

Студио | пред 2 дена

media-library6akbnmm5vevv85s5Gas

(Видео) Организацискиот секретар на СДСМ за 27 април: „Не се слагам дека тоа е тероризам“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања