Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат“.
„Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец.
Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржан од македонските партии. Напорите што ги прави СДСМ, наводно, предводејќи се од мотото едно општество за сите, пред себе ја гледа идејата за третирање на Албанците како една колонија. Албанците не добиваат повеќе од четири отсто од инвестициите“ рече Села.