Промени тема
Контакт

Селекторот на Аргентина: Меси ќе игра колку што самиот ќе посака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-librarymoeph77mf8uretaSsrL

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, испрати јасна порака за улогата на Лионел Меси во националниот тим пред почетокот на Светското првенство, истакнувајќи дека капитенот ќе остане на теренот онолку долго колку што самиот ќе одлучи.

— реклама —

По загриженоста околу неговата подготвеност поради повреда на мускулот, Меси ги отстрани сите дилеми со настапот на пријателскиот натпревар против Замбија, на кој постигна гол и најави дека е подготвен за мундијалските предизвици.

— реклама —

Говорејќи по натпреварот, Скалони нагласи дека никого не треба да изненадува што Меси настапува на своето шесто Светско првенство.

— реклама —

„Лео ќе игра онолку колку што самиот ќе посака, затоа што сите добро ги знаеме неговите можности. Никого не треба да го изненадува тоа што е дел од своето шесто Светско првенство. Она што навистина изненадува е фактот дека со репрезентацијата освои само четири трофеи. Беше многу блиску да освои уште две Копа Америка и уште една светска титула“, изјави Скалони.

— реклама —

Аргентина влегува на Мундијалот со големи амбиции, а Меси и понатаму останува главната фигура во тимот и покрај годините и долгата кариера на највисоко ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7l7qf1igj5bqcyqFzud

Од Нејмар до Модриќ: Фудбалскиот свет со пораки за последниот репрезентативен натпревар на Меси

Спорт | пред 4 часа

— реклама —
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

(Видео) Меси пред последниот натпревар за Аргентина испрати порака што ги растажи навивачите

Спорт | пред 17 часа

media-library58j6ncfhh6qk8lmg76Q

Меси со еврогол за пресврт, но Интер Мајами остана без победа во судиското продолжение

Спорт | пред 3 седмици

media-library3pmdu62p5gq2c5M6rww

Меси повторно меѓу кандидатите за „Златната топка“

Спорт | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања