Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

#SellSafe - кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет под покровителство на eComm 2021

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
flaer-3

Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2021 година (eComm 2021) предводена од Европол и австриската Служба за криминалистичко разузнавање (Bundeskriminalamt), насловена како #SellSafe (продавај безбедно) и #BuySafePaySafe (купувај безбедно, плаќај безбедно), чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет. Кампањата претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.

Учество во eComm 2021 ќе земат и надлежните агенции за спроведување на законот од сите земји учеснички со нивни истражни мерки и нивна поддршка за eComm 2021 за подигнување на свеста преку годинешната кампања наречена „Продавај безбедно“ (SellSafe). Пријавените случаи ќе се селектираат во Европол и ќе бидат означени со eComm 2021 за да им се даде приоритет.

— реклама —

Имено, Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје се вклучија во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од огромен број земји се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол за да споделат практични совети за безбедно купување преку интернет, односно како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат овој начин на купување.

— реклама —

Годинешната кампања пособено се фокусира на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања