Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Семејствата на жртвите бараат поширока одговорност за трагедијата кај Темпи во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarynbgfkr53eemdaFu16U1

Учеството на грчката држава во судскиот процес за железничката несреќа кај Темпи повторно беше доведено во прашање, откако обвинителите и семејствата на жртвите ги оспорија мотивите на државата во постапката.

— реклама —

Државниот обвинител предложи да биде отфрлено граѓанското побарување на државата, кое е насочено само кон четворица обвинети – тројца железнички службеници кои биле на должност ноќта на судирот на 28 февруари 2023 година и поранешен надзорник на железничката инспекција во Лариса. Според обвинителството, учеството на државата во постапката е процесно спорно.

— реклама —

На критиките им се приклучија и семејствата на загинатите. Адвокатот Антонис Псаропулос, чија 20-годишна ќерка Марти загина во трагедијата, оцени дека настапот на државата е „недоволен“ и „формален“, обвинувајќи ја владата дека се обидува вината да ја сведе исклучиво на човечка грешка.

Тој нагласи дека незаконскиот трансфер на железничкиот службеник е поврзан со смртта на жртвите и дека обвинетите биле свесни за ризиците што ги носеле нивните постапки, особено поради отсуството на соодветни безбедносни системи на делот од пругата каде што се случила несреќата.

— реклама —

Од друга страна, адвокатот кој ја застапува државата ги отфрли обвинувањата дека постои намера за прикривање или пренасочување на одговорноста.

— реклама —

Следното рочиште е закажано за 9 јуни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 15 часа

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 1 ден

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 3 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања