Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Семејството на Сипковски до овој момент нема потврда дека тој е загинатиот во експлозијата во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Семејството на Мартин Сипковски, за кого српските медиуми пренесоа дека е момчето кое по грешка активирало експлозив наменет за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал, нема никаква потврда или известување дека усмртеното лице е навистина момчето од Македонија.

Според извори на „Скопје1“, тие барале информации од Министерството за надворешни работи, како и од белградската Судска медицина. Од МНР немале добиено никаква официјална информација преку дипломатските канали. Од Судска медицина, според нашиот извор, лицето на кое се праело обдукција се води се уште како непознато (НН) лице. Настанот се случи пред осум дена во вечерните часови, но според нашите извори, не е точно дека до овој момент е утврден идентитетот на Сипковски. Побаравме став и од МНР.

— реклама —

„Се уште немаме официјална информација. Ќе информираме штом добиеме“, велат оттаму.

— реклама —

Ова е спротивно на тврдењето на српските медиуми, меѓу кои „Телеграф“ кои пишуваат дека идентитетот на Сипковски е потврден со ДНК траги, преку размена на податоци помеѓу македонската и српската полиција.

За Сипковски пак, до пред овој настан, во јавноста се пишувало само за неговите успеси. Тој бил ракометар, но и модел. По настанот, се дозна дека бил во куќен притвор, кој го издржувал околу една година и никогаш не го прекршил. Сѐ до 25 септември кога полицијата не го нашла дома. Пет дена потоа, се случува експлозијата во Белград. Тој е осуден за обид за убиство, кое го негирал, а и пред второстепениот суд докажува дека сведоците лажеле, сето тоа, според неофицијални информации, преку различните искази кои ги дале пред институциите. Наводно, сведоци кои го посочуваат дека тој го извршил обидот за убиство се недостапни за органите на прогонот.

— реклама —

Белградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело. Засега не е познато што сти во исказот на Филип В.

— реклама —
media-libraryno3lrkce7lihai2XloV

Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор

Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и според српските медиуми загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал.

Македонија | пред 8 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наве

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4p7fldvf6g8gayfk6zp

Познато е што го предизвикало излетувањето на трамвајот во Белград

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-library4p7fldvf6g8gayfk6zp

(Видео) Трамвај излета од шини во Белград и удри во зграда, има повредени

Свет | пред 1 месец

media-libraryq0tco6j00a8s2bMBTsM

По протестите во Белград приведени 47 лица, едно имало дипломатска легитимација

Свет | пред 1 месец

protesti-srbija

Таковска во Белград целосно блокирана: прекинат сообраќајот поради собир пред РТС

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања