„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Семејството на Стојаноски се заблагодари за поддршката во најтешките моменти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
komemoracija-1

Семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, до сите граѓани на Охрид, упати зборови на благодарност за искажаната нивна поддршка и почит кон својот градоначалник.

— реклама —

„Почитувани,

Во најтешките моменти за нашето семејство, сакаме да Ви упатиме огромна благодарност до сите вас добри и прекрасни луѓе, кои ги надминавте сите партиски, човечки и секакви други препреки и со дела, убав збор, стисната рака во знак на поддршка или само човечки поглед, ни помогате да го изминеме и ова најголемо премрежје.

— реклама —

Зборови немаме, солзите не запираат, за нас остана само голема празнина која никогаш нема да се надополни. Негова најголема љубов беше Охрид. Да му се оддолжиме сите заедно со тоа што ќе се сплотиме, ќе го изградиме како што доликува, ќе го направиме да биде, како што милуваше да каже „најубавото место на светот“, со силно образование, со насмеани луѓе, со верба во Бога и народот.

Да застанеме зад оваа идеја во која веруваше Јован - Градоначалникот и да се сеќаваме на него онаков како што и секогаш беше - со широка насмевка, топла прегратка и отворено срце ЗА СИТЕ“ – се вели во пораката на семејството Стојаноски до охриѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања