Семејството Рашковски со реакција до УМС: Подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
raskovski34

Почитувани претставници и активисти на УМС ВМРО ДПМНЕ, за почеток да Ви се заблагодариме како семејтво за вашата грижа во однос на нашата финансиска состојба, по моето заминување од функцијата во Владата на РСМ. Навистина сте се потрудиле да бидете забавни и со високо ниво на сатиричност со спроведувањето на вашата акција, но додека Вие си играте со мојот и угледот на мојата фамилија и за времетраењето на вашата

— реклама —

акција, на неколку метри од Вашиот перформанс, во тој период својот живот во сообраќајни незгоди го изгубија две лица. Додека Вие правите перформанси за забава, нашата земја за жал сеуште сме на врвот на листата по број на жртви од сообраќајни незгоди се вели во реакцијата на семејството Рашковски во врска со перформансот на УМС на ВМРО ДПМНЕ

— реклама —

„Наместо млади и прогресивни луѓе како што се претставувате да се занимавате со нови технологии коишто треба да не направат европска држава и да ни го олеснат секојдневието, Вие подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика од која никој нема никаква корист. Ве поканувам да присуствувате на секое судење за лично да се уверите дека во моето работење нема ниту едно криминално дејствие, ниту еден денар

— реклама —

пари на граѓаните не се злоупотребени, ниту пак е прекршена било каква процедура при јавните набавки.

Јас нема да Ви сугерирам од каде потекнува мојот и имотот на моето семејство којшто е плод на 20 години работен ангажман, за кои средства може слободно да проверите дека секоја година уредно се пријавувани како до УЈП, така и до ДКСК, туку доколку ги следите судењата самите сакам да заклучите дека целокупниот имот е стекнат на легален начин. Од Вас како прогресивни сили очекувам да поддржите проекти кои спасуваат животи независно од политичката определеност на учесниците во сообраќајот“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања