Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сензорна соба со специјализирана опрема отворена во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarycuqc7u43jq9t0hvMWyQ

Подобрени услови за поддршка на учениците се обезбедени во ООУ „Петар Поп Арсов“, каде што денеска беше отворена нова сензорна соба. Просторот е наменет за учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка и е опремен со различни реквизити и дидактички помагала.

— реклама —

На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја поздрави иницијативата и донацијата со која се унапредуваат условите во училиштето.

— реклама —

Сензорната соба е донација од Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ од Скопје, во вкупна вредност од 134.997 денари. Во просторијата се поставени опрема и помагала што овозможуваат стимулација на сетилата, развивање на моторичките способности и создавање пријатна и безбедна средина за учениците.

Меѓу опремата се соодветна подлога, платнена лулашка, трамболина со рачка, проектор „Ѕвездено небо“, душек, сензорно огледало, меки ѕидни панели, графомоторичка табла, прилагодлив тунел и магнетни плочки. Донацијата го опфаќа и поставувањето на целокупната опрема.

— реклама —

Со новиот простор училиштето добива дополнителни можности за реализација на активности приспособени на индивидуалните потреби на учениците, со цел да се поттикнат нивниот развој, учењето и благосостојбата.

Иницијативата, како што е наведено, ја потврдува важноста од соработката меѓу образовните институции, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор за создавање поинклузивна и поддржувачка училишна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања