Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Серија апсења и претреси во Скопје: се расчистува двојното убиство на Беланоца и Тозо, но и со продажбата на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
apsenje-1

Серија апсења има во Скопје од попладнево, а за расчистување на убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо, но и поради растурање на криминални групи кои се бавеле со продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Полицијата упаднала во Грчец, Дуќанџик, Чаир, каде има серија претреси.

„Скопје1“ дознава дека првоосомничен во оваа акција која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е Шеваљ Муареми кој е во бегство повеќе години. Статус на осомничен има и братот на Енес Ибраимов – Љаци, кој пак беше убиен во „Шиша бар“. Со истрагата опфатен е и полицаец, кој бил заедно со Орхан Бајрами – Оки кога му беше извршена ликвидација во Ханиоти, Грција.

— реклама —

Засега е познато дека е уапсен и поранешен партнер на наша позната поп-пејачка, кој сега е задржан во полициската станица во Карпош.

Институциите не споделуваат никакви информации за акцијата. Не се знае кои од лицата, во кој дел на истрагата се осомничени. „Скопје1“ дознава дека случајот го водат двајца обвинители од ОЈО-ГОКК, а предметот е таму бидејќи едно од делата кои ќе им бидат ставени на товар е злосторничко здружување.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи во оставка, Оливер Спасовски, закажа прес-конференција за во 18 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања