Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Серија мастеркласи на Милчо Манчевски на универзитетот во Аризона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
2

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски неделава е во фокусот на Државниот универзитет во Аризона, САД. Манчевски ќе одржи серија мастеркласи и предавање, а се прикажуваат и неговите филмови „Пред дождот“, „Мајки“ и „Бикини Мун“.

— реклама —

Серијата мастеркласи се одржува во Новата американска филмска школа „Сидни Поатје“, а почна со анализата на „Бикини Мун“, неговиот американски филм од 2017 кој е лажен документарец за ветеранка од војната во Ирак и е снимен во Њујорк. Во серијата, меѓу другите, се и мастеркласите на кои Манчевски ќе ги прикаже неговите техники за работа со актери и концептот за кадар.

— реклама —

Гостувањето на Универзитетот во Аризона ќе се заокружи со предавање во Центарот Меликијан.

Творештвото на Манчевски е дел од наставните програми на бројни универзитети во светот, како и тема на многу есеи и книги. Неговите дела се предмет на истражувања на бројни конференции, меѓу кои и оние посветени на „Пред дождот“ на Универзитетот во Лајпциг и на „Прашина“ на Европскиот универзитет во Фиренца.

— реклама —

Во богатиот академски ангажман на Манчевски се и професор на Универзитетот на Њујорк, предавач на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Браун, Јеил, Шангај, ВГИК во Москва, Филмската академија на Куба и многу други низ светот.

Седмиот филм на Манчевски „Кајмак“ имаше светска премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година, лани беше најгледан филм во Македонија и се прикажа во кината низ 30 градови во земјава, што беше настан без преседан во македонската киноприкажувачка дејност последнава деценија. „Кајмак“ од почетокот на годинава го продолжува животот по низа филмски фестивали во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryui1jdp28pllk0Dyd6GR

Аплаузи, овации и редица фанови: Манчевски го освои Токио, „Сестра, брат и шахта“ доживеа блескава светска премиера

Магазин | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryoqns2sgjjpmo13Eg85E

Новиот филм „Сестра Брат Шахта / Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски со светска премиера во Токио

Македонија | пред 4 седмици

Milco-Mancevski

Почна снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски

Скопје | пред 1 година

Rain-China-1

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија

Филм | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања