ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сериозно е нарушена психичка состојба на детето кое беше претепано во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dete-tepaat-2

Речиси еден месец се води случајот за детето што со клоци по главата и со шлаканици беше претепано во Кочани. Предистражните дејства се пред крај и се подготвува обвинителен акт. За тоа време претепаното дете е со лоша психичка состојба, покажале и мислењата дадени од психијатар и психолог. Од Министерството за труд и социјална политика за „А1он“ велат дека детето потекнува од дисфункционално семејство, мајката била во затвор, а по излегувањето, одбила да се грижи за малолетникот. Адвокатот Амет Срџан, кој го застапува случајот на 13-годишното момче, вели дека детето е сместено во групен дом.

— реклама —

„Прима антидепресиви за деца. Сериозно е нарушена неговата психичка состојба. Во новото семејство се адаптира, сѐ е добро до сега. На детето му е направена психоанамнеза, беше на психијатар и психолог. Има големи последици врз неговата психа од настанот што се случил. Сериозна терапија му е дадена на дете од 13 години. Има психичко нарушување од настанот. Тоа е доставено до службите, Центарот за социјална работа многу добро си ја заврши својата задача и прават сѐ што можат“, вели адвокатот Срџан за „А1он“.

Претепаниот малолетник бил сместен во згрижувачко семејство, а бегал во повеќе наврати. Последен пат од Скопје избега во Кочани кај својата биолошка мајка, каде што беше и претепан поради, како што се наведуваше, обид за кражба.

— реклама —

Текстот во целост на:  „А1он“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања