Сертификатите за вакцинација не се повлечени од употреба и се уште се валидни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona-sertifikat-patuvanja

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден граѓаните што имаат генерирано ЕУ-сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб-порталот да генерираат нов.

— реклама —

Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење лажни ЕУ-сертификати, со лажни имиња и лажни податоци. Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Како дел од ваков напад на системот, на 28.10.2021 трети страни успеале да генерираат четири лажни ЕУ-сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека тие примиле вакцина во Република Северна Македонија. Во лажните ЕУ-сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај“, информираат од Министерството за здравство.

— реклама —

Тимовите на Министерството за здравство, додаваат од таму, се во постојана комуникација со тимовите за сајбер-безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската комисија. Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување зголемена заштита, ЕУ-сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен ЕУ-сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk.

— реклама —

Министерството за здравство потенцира дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на ЕУ-сертификатот, кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања