„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Шеснаесетти Министерски совет на Енергетската заедница во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
energja

Шеснаесеттиот Министерски совет на Енергетската заедница, чиј актуелен претседавач е Република Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.

— реклама —

Со Советот ќе претседаваат македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и директорката за енергетска политика во Европската Комисија Меган Ричардс. Воведни говори ќе одржат премиерот Зоран Заев, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев.

Енергетската Заедница е меѓународна организација која ги обединува Европската Унија и нејзините соседи за да создаде интегриран и одржлив паневропски енергетски пазар.

— реклама —

Шеснаесеттиот Министерски совет на Енергетската заедница, во рамките на македонското претседателство, ќе ги собере министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница (Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина) и Европската Унија.

По завршување на состанокот, прес-конференција ќе одржат Анѓушев, Бектеши, Ричардс и Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања