Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Шест нови авионски линии од следната година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-25-131719

Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус. Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избарни се согласно јавниот повик за финансиска подршка за нови дестинаци, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес конференција.

— реклама —

На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно јавниот повик финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.

— реклама —

Повикот што го распишавме веќе ги дава првите резултати, истакна министерот Николоски и додаде:

„Со гордост можам да кажам дека од 30 март 2025 година авио превозникот Флај Дубаи ја отвора линијата Скопје - Дубаи- Скопје. Исто така со гордост можам да најавам дека од 30 јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета Скопје - Барсeлона - Скопје со што се отвора Шпанија како дестинација. Од 30 јуни, два пати неделно ќе се лета Скопје – Лион - Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација. Понатаму, од следната година три пати неделно ќе се лета Скопје - Штутгарт - Скопје со што се отвора западниот дел на Греманија. Во однос на охридскиот аеродром, два пати неделно ќе се лета Охрид - Базел Милхаус - Охрид и за мене најзначајната вест врзана за охридскиот аеродром е тоа дека Туркиш ерлајнс редовно ќе лета од 30 март 2025 година на дестинација Охрид - Истанбул – Охрид, со што охридскиот аеродром го отвораме како дестинација за најголемиот аеродром во Европа и аеродром со најголем број на конекции“, истакна министерот Николоски.

— реклама —

Министерот најави дека веќе во процес на подготовка е втор повик кој треба да се објави во следните неколку недели бидејќи има силен интерес за воспоставување на нови дестинации.

— реклама —

Во однос на финансиската подршка за авиокомпаниите, таа се воведува за период 2025-2027 година и изнесува 360 милиони денари или околу 5 милиони евра, а се очекува бројот на патници да се зголеми за 200 илјади на годишно ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања