Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryvk0qnitr3drm8NAJMxE

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска учествуваше на тркалезната маса „Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства“, при што ја истакна потребата јавните политики да се темелат на знаење, факти и квалитетни анализи.

Шасивари посочи дека партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат значајна улога во унапредувањето на квалитетот на политиките, јавната дебата и демократските процеси.

— реклама —

„ПИАЦ треба да бидат места каде што политиката се соочува со фактите, а податоците и анализите се користат за одлуките да бидат подобри“, порача Шасивари.

— реклама —

Тој нагласи дека користењето јавни средства за финансирање на ПИАЦ носи и јавна одговорност, особено во поглед на квалитетот на истражувањата, анализите и препораките што произлегуваат од нив.

„Јавните средства мора да произведуваат јавна вредност. Тие средства се наменети за истражување, анализа, развој на политики и градење стручни капацитети. Затоа е потребно да имаме не само правила за тоа како се трошат средствата, туку и култура на одговорност за тоа што произведуваат тие средства. Кои истражувања се направени? Кои анализи се подготвени? Кои политики се евалуирани? Кои препораки произлегле од нив? Како се користеле податоците? Каков придонес имале овие центри во развојот на политиките? Тоа се прашањата што треба да ги поставуваме. Не за да ја ограничиме политичката работа, туку за да ја направиме посериозна, поквалитетна и поодговорна“, нагласи Шасивари.

— реклама —

Министерот ја истакна и важноста на меѓупартиската соработка во областа на истражувањето и знаењето.

— реклама —

„Можеме да не се согласуваме околу решенијата, но можеме да се согласиме дека решенијата треба да се темелат на точни податоци и сериозна анализа“, истакна Шасивари.

Како што посочи, Министерството за правда има одговорност да обезбеди јасна и функционална правна рамка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kjeefmo9q8pcG2Yncs

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1iuumfrc2fp15yNx556

Шасивари се сретна со министерката за правда на Косово во Будва

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynsoe3qmsa6vi1dhhBRL

Македонија и Катар ќе ги продлабочуваат односите во областа на правосудството

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryravbhnc4rdvd4UniqCU

Шасивари: Довербата во правдата се заслужува со дела, а не со ветувања

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања