Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шасивари – Солстром: Продолжува партнерството со Шведска во реформите и европската интеграција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarygkhduaj4hvb3cTjM5u5

Министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром, разговарале за продлабочување на соработката во реформите на правосудството, владеењето на правото и процесот на европска интеграција.

— реклама —

Шасивари изразил благодарност за континуираната поддршка од Шведска, особено преку Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) и ангажманот на експерти, кои придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување на законодавството со европските стандарди.

— реклама —

„Шведска е наш значаен партнер во процесот на реформи. Верувам дека преку експертиза, размена на искуства и конкретна поддршка можеме уште посилно да ги унапредиме институциите и да испорачаме подобри услуги за граѓаните“, истакнал Шасивари.

На средбата биле разгледани тековните реформи поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности, како и обврските од Реформската агенда во областа на владеењето на правото.

— реклама —

Разговарано било и за можностите за нови заеднички иницијативи во дигитализацијата на правосудството, подобрувањето на пристапот до правда, заштитата на човековите права, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

— реклама —

На средбата било констатирано дека меѓународната правна помош меѓу двете земји се одвива непречено и дека нема отворени прашања кои би ја попречувале соработката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kjeefmo9q8pcG2Yncs

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1iuumfrc2fp15yNx556

Шасивари се сретна со министерката за правда на Косово во Будва

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynsoe3qmsa6vi1dhhBRL

Македонија и Катар ќе ги продлабочуваат односите во областа на правосудството

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryravbhnc4rdvd4UniqCU

Шасивари: Довербата во правдата се заслужува со дела, а не со ветувања

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања